Бензините поевтини за три, дизелот за два денари

23

gorivo

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за три денари од литар, а дизелот за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,527 ден/кг, па цената изнесува 20,760 ден/кг.