Бензините поевтинуваат, дизелот по иста цена

15

Бензините од полноќ поевтинуваат од еден до 1,50 денари за литар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство и оваа недела ќе се продаваат по иста цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС-98 поевтинува за 1,50 денари и неговата нова цена ќе биде 61 денар за литар. За еден денар поевтинува Еуросупер БС-95 и ќе чини 59,50 денари за литар.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, па така литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 53 денари за литар, а исто толку ќе биде и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,133 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 30.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,368 ден/кг.

Фото: Freepik