Бензините поевтинуваат, дизелот по стара цена

5

goriva-pixabay-345

Фото: Pixabay

Бензините од полноќ поевтинуваат за еден денар, односно 1,50 денари, додека дизелот и во следните две недели ќе се продава по иста цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 65,50 денари, додека еден литар Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 67 денари. Еуродизел (Д – Е V)  и во следните две недели ќе чини 54 денари за литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) останува 42,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.11.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,353 ден/кг.