Бензините од полноќ поевтинуваат од еден до 1,50 денари за литар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство и оваа недела ќе се продаваат по стара цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Бензиот Еуросупер БС – 98 поевтинува за 1,50 денари и ќе се продава по 68,50 денари за литар. За еден денар се намалува цената на Еуросупер БС – 98 и ќе се продава по 66,50 денари за литар.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат. Па така, литар дизел и оваа недела ќе биде 62,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,740 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,954 ден/кг.
Фото: Pixabay