Бензините поевтинуваат, дизелот по стара цена

56

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за пола денар, додека дизелот и оваа недела ќе се продава по стара цена, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 69 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 57,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,266 ден/кг.

Фото: Pixabay