Бензините поевтинуваат, дизелот по стара цена

10

benzin avtomobil

Бензините од ноќеска ќе се продаваат по цена пониска за половина денар, додека дизелот ќе се продава по стара цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе биде 62 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 64 денари за еден литар.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), остануваат исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.05.2016 година. Со тоа,  малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 47 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 35,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,929 ден/кг и новата цена ќе биде 19,464 ден/кг.