Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

91

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на Одлуката од 20.9.2021 година.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,780 ден/кг.

Од 28.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 39,780 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување само кај бензинот за 3,175%, додека кај останатите е регистрирано зголемување и тоа кај дизелот за 1,873%, кај екстра лесното масло за 1,964% и кај мазутот за 1,141%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,722 % .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.9.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштија од РКЕ.