Бензините поевтинуваат за 7,5, а дизелот за шест денари

92

Бензините од полноќ поевтинуваат за 7,5 денари, додека еден литар дизел поевтинува за шест денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 оваа недела ќе чини 54,50 денари за литар, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 е 56,50 денари.

Оваа недела еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 48,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 37,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 6,961 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 09.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 21,934 ден/кг.

Фото: Pixabay