Бензините поевтинуваат за два, дизелот за денар и пол

65

Бензините од полноќ поевтинуваат за два денари, додека цената на дизелот се намалува за 1,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 62 денари, додека еден литар Еуросупер БС – 98 ќе чини 64 денари. Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 54,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ -1) ќе се продава за 43,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,495 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 02.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 28,895 ден/кг.

Фото: Pixabay