Бензините поевтинуваат за три, дизелот за 2,50 денари

22

Фото: Pixabay

Бензините од полноќ поевтинуваат за три денари, додека цената на дизелот се намалува за 2,50 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 е 66,50 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 69 денари за еден литар.

Дизелот Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 60 денари, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 49,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,267 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.06.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,851 ден/кг.