Бензините поскапуваа за три, дизелот за четири денари

12

benzinska stanica raka

Горивата од ноќеска на полноќ добиваат нови и повисоки цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Цените на бензините Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98 се зголемуваат за три денари, по што ќе чинат 65, односно 67 денари за литар. За четири денари поскапуваат Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ -1). По ова, цената на дизел горивото ќе чини 55 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 43,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,724 ден/кг и ќе изнесува 26,180 ден/кг.