Бензините поскапуваат, дизелот по стара цена

53

Бензините од полноќ поскапуваат за пола денар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство и неделава ќе се продаваат по иста цена, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Литар Еуросупер БС – 95 ќе се точи по 66 денари, а новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 68 денари.

И неделава Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава цена од 56 денари, а не се менува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од 45 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,843 ден/кг.

Фото: Pexels