Бензините од полноќ поскапуваат за еден денар, а цената на дизелот останува непроменета во следната недела, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 67 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 69 денари за литар.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 44,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,353 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,779 ден/кг.
Фото: Pixabay