Бензините поскапуваат, дизелот по стара цена

56

Од полноќ бензините поскапуваат за половина денар, додека непроменета останува цената на дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 72 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи по 74 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува 63 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и оваа недела ќе се продава по изнесува 63 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,719 ден/кг.

Фото: Pexels