Бензините поскапуваат, дизелот по стара цена

77

benzinska

Бензините од полноќ ќе поскапат за половина и еден денар, додека дизелот и во следните две недели ќе се продава по стара цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

За еден денар поскапува Еуросупер БС – 95, па новата цена ќе биде 62 денари за литар. Новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде повисока за половина денар и ќе изнесува 63,50 денари за литар.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство нема да се променат. Па така, еден литар Еуродизел (Д-Е V) и овие две недели ќе се продава по цена од 44 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 32,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,703 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.04.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 16,931 ден/кг.