Бензините поскапуваат за два, дизелот за 1,50 денари

1

benzini-pumpa-zelena

Бензините од полноќ добиваат нова и повисока цена за два денари, додека новата цена на дизелот ќе биде повисока за денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава 62 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 64 денари за еден литар. Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 48,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 37,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,914 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.11.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,861 ден/кг.