Бензините поскапуваат за еден, дизелот за 1,50 денари

2

gorivo-toci-pixabay

Фото: Pixabay

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините поскапуваат за еден денар, па литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 64 денари, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 66 денари за еден литар.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари за литар. Со тоа, новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 50,50 денари за еден литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 39,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,130 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.05.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,382 ден/кг.