Бензините поскапуваат за пола денар, дизелот по стара цена

53

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, додека дизелот и оваа недела ќе се продава по иста цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 48,50 денари за литар, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 50,50 денари.

И оваа недела литар Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 45 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за половина денар и ќе чини 33 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 20,106 ден/кг.

Фото: Pixabay