Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот по стара цена

4

gorivo pumpa

Бензините од полноќ ќе се продаваат по цена повисока за половина денар, додека дизелот и во следните две недели ќе се продава по иста цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 62 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 64 денар за еден литар. За половина денар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија нова цена е 37 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), не се менува, односно изнесува 48,00 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,676 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.08.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,008 ден/кг.