Бензинот БС – 98 со цена пониска за половина денар, дизелот поевтин за еден денар

18

gorivo pumpa

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни нафтени деривати во земјава.

Според одлуката, еден литар Еуросупер БС – 98 ќе биде поевтин за половина денар и ќе чини 72 денари. Намалување од еден денар има кај дизелот, кој ќе чини 57 денари за литар, како и кај Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), што ќе чини 45,50 денари.

Цената на Еуросупер БС – 95 не се менува, со што ќе продолжи да чини 70,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,171 ден/кг и ќе изнесува 27,763 ден/кг.