Бензинот поскапува 1,5, а дизелот 2,5 денари

49

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ќе се зголемат за 1,50 денари по литар, дизелот ќе поскапи за 2,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за три денари.

Одлуката беше донесена од страна на Регулаторната комисија за енергетика на својата редовна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката, литар еуросупер БС-95 од ноќеска ќе се продава по 83,5 денари, додека литар еуросупер БС-98 ќе чини 85 денари.

Новата цена на еуродизелот (Д-Е V) изнесува 73 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 62,00 денари за литар.

Поскапува и мазутот М-1 НС и тоа за 1,171 денари за килограм, со што неговата нова цена достигна 42,774 денари за еден килограм.