Beovision Harmony – телевизор што се склопува како украсен елемент во домот

25

Данскиот производител на електроника, Bang & Olufsen, креираше телевизор што се склопува како декоративен елемент кога не се користи, пишува Dezeen.

Beovision Harmony се поставува ниско на подот прекриен со две декоративни панели од алуминиум и дрво коишто делумно го прекриваат црниот екран.

Во панелите е вграден звучниот систем, а подлогата е дизајнирана за да создаде оптимален акустички перформанс.

Beovision Harmony, исто така, е достапен во панели со сива ткаенина во две нијанси и алуминиумска прекривка. Телевизорот е со 77-инчен OLED C9 екран на LG, а звучниот систем е дело на Bang & Olufsen.

Фото: Bang & Olufsen