Berkshire Hathaway на Ворен Бафет ја врати профитабилноста, најави огромен откуп на акции

71

Berkshire Hathaway на Ворен Бафет се чини дека значително го подобри својот бизнис на почетокот на 2021 година.

Оперативната добивка се зголеми за 20% во првиот квартал, а компанијата објави масовен откуп на акции во вредност од 6,6 милијарди долари.

Од Berkshire прецизираа дека многу од компаниите во кои имаат акции остварија “значително поголема“ заработка и приход, но некои како единицата за делови за авиони Precision Castparts сè уште се борат.

“Резултатите беа навистина добри“, изјави Џим Санахан, аналитичар во Edward Jones & Co, кој даде препорака да се купат акциите на Berkshire.

Резултатите од минатата година рефлектираа загуби од 55,62 милијарди долари од инвестиции и деривати, бидејќи берзите низ целиот свет потонаа на почетокот на 2020 година.

Фото: Pixabay