Берза: За девет месеци, 72 компании прокнижија добивка, а 29 завршија во минус

13

Фото: Pexels

Од вкупно 101 компанија што котираат на Македонска берза, во период од први јануари до 30-ти септември, 72 компании прикажаа добивка, додека кај 29 е забележана загуба, покажува Прегледот на финансиските податоци за котираните друштва.

Истиот период лани, бројот на компании што остварија добивка беше 75, додека три помалку од оваа година пресметковниот период го завршија со загуба.

Кумулативно, вкупниот износ на добивки во 2018 година достигна ниво од 13.145.701.902 денари, додека загубите беа на ниво од 962.402.797 денари.

Една година претходно, вкупните добивки на 75-те котирани компании изнесуваа 9.346.366.741 денари, додека загубата на 26-те компании се позиционираше на 796.876.757 денари.