Берзата „Еуронекст“ сака да ја преземе Атинската берза за 412,8 милиони евра

Најголемата европска берзанска групација „Еуронекст“ денес објави дека е подготвена да ја преземе Атинската берза (ATHEX) преку размена на акции за 412,8 милиони евра, што претставува проценка од 7,14 евра по акција.

Според условите на понудата, акционерите на Атинската берза ќе добијат по една акција на „Еуронекст“ во вредност од 142,7 евра за секои 20 обични акции на Грчката берза.

Управниот одбор на Атинската берза едногласно ја поддржа понудата и потпиша договор за соработка со „Еуронекст“, се додава во соопштението.