Берзата го прекинува тргување на еден час

34

Македонска берза на еден час го прекинува тргувањето поради пад на индексот МБИ 10, стои во соопштението.

“Имајќи го предвид падот на индексот МБИ10 од 7,06%, а согласно член 58а од Правилата за тргување, Ве известуваме дека Македонска берза во 10:25:45 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 60 минути. За продолжувањето на тргувањето ќе бидете дополнително известени“, соопштуваат од берзата.