Берзата го продолжи бесплатното користење на eTrader за инвеститорите

49

Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје одлучи продуктот за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи бесплатно до 30.09.2021 година.

Апликацијата eTrader е наменета за инвеститорите во хартии од вредност и овозможува давање електронски налози за тргување и комплетен увид во тргувањето кое е извршено преку членките на Берзата – банки и брокерски куќи.

Од берзата апелираат до сите инвеститори што помасовно да ги користат електронските налози за тргување, а членките на Берзата што повеќе да го популаризираат продуктот eTrader.

Бесплатното користење на овој продукт од страна на инвеститорите, Берзата и нејзините членки го овозможија непосредно по прогласувањето на пандемијата предизвикана од вирусот COVID 19, односно почнувајќи од 26.03.2020 година.

По бесплатното користење на eTrader во третиот квартал од  годинава, Одборот на директори на Берзата одлучи од 01.10.2021 година  да започнат да се применуваат комерцијалните услови за користење на овој продукт согласно важечкиот Тарифник на Берзата, освен доколку не дојде до нарушување на тековната епидемиолошка состојба.

За подетални информации околу користење на eTrader инвеститорите да се обратат кај својот брокер.

Фото: Freepik