Берзата го продолжува бесплатното користење на eTrader за инвеститорите

30

Одборот на директори донесе oдлука продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи бесплатно и по завршувањето на вонредната состојба, односно до 30.09.2020 година.

Оттука, надоместокот за користење на овој продукт нема да се наплатува до крајот на септември оваа година.

И во оваа прилика, од Македонска берза апелираат до сите инвеститори во хартии од вредност што помасовно да ги користат електронските налози за тргување со хартии од вредност, а членките на Берзата што повеќе да го популаризираат продуктот eTrader во настанатите околности, предизвикани од вирусот Ковид-19.

Фото: Freepik