Берзата ќе го олеснува процесот на финансирање на стартапи

25

Фото: Pixabay

Македонска берза потпиша меморандум за соработка со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Целта на заедничката соработка на овие две институции е на македонските компании да им се овозможи пристап до алтернативен извор за прибирање капитал и во иднина да се создаде нов значаен канал за финансирање на домашните иновативни претприемачи.

Берзата во наредниот период ќе се обиде да го олесни процесот на финансирање на стартапи, мали и средни претпријатија, следејќи ги искуствата на некои други берзи во регионот преку промоција на иновативна платформа за колективно финансирање на глобално ниво.

Преку оваа платформа, македонските компании ќе добијат можност за полесно небанкарско финансирање во зависност од нивната иновативност и конкурентност, а домашните инвеститори ќе можат да вложуваат во домашни бизнис проекти каде ќе препознаат добар потенцијал. Истовремено, Берзата ќе ги понуди и прошири своите услуги и на помалите македонски компании.