Берзата во Атина останува затворена

13

atinska berza

Берзата во Атина останува затворена откако Европската централна банка побара продолжува на нејзиното затворање поради стравувањето од одливот на капитал преку трансакции со хартии од вредност, пишува Екатимерини.

Во текот на викендот, Европската централна банка наводно ги одбила предлозите на централната банка на Грција и Комисијата за пазар на капитал, за повторно отворање на берзата.

Грчката берза е затворена на 29-ти јуни кога официјална Атина ги затвори банките и воведе контрола на прометот на капитал за да го запре извлекувањето на депозитите, бидејќи поради зголемено темпо на подигнување на средства грчкиот финансиски систем би се нашол пред колапс.

Банките ги отворија вратите за клиентите минатиот понеделник.