Берзите нерамномерни, цените на нафтата и пченицата растат, златото паѓа

Европските берзански индекси денес се нерамномерни, цените на нафтата и пченицата пораснаа со истовремен пад на цените на златото, додека инвеститорите го очекуваат извештајот за надворешно-трговскиот биланс на Еврозоната, кој ќе биде објавен во 11:00 часот.

Оваа недела, инвеститорите ќе ја следат одлуката на Федералните резерви за каматните стапки во САД на 17 септември, како и објавата на Банката на Англија за понатамошниот развој на монетарната политика на 18 септември, објавува CNBC.
Денес во 9:30 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,37 проценти на 23.772,45 поени, францускиот CAC 40 за 0,48 проценти на 7.861,52 поени, додека лондонскиот FTSE 100 падна за 0,05 проценти на 9.277,02 поени, а московскиот MOEX за 0,43 проценти на 2.831,22 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 0,59 проценти на 45.834,22 поени, вредноста на индексот S&P 500 за 0,05 проценти на 6.584,29 поени, додека вредноста на индексот Nasdaq скокна за 0,44 проценти на 22.141,10 поени.

Европските фјучерси за гас за октомври беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 32.650 евра за мегават-час.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта се искачи на 62.935 долари, а цената на нафтата од типот Брент се искачи на 67.227 долари.

Цената на златото падна на 3.637,19 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 5,2433 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,17354 долари, што е за 0,03 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.