
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:40 часот падна за 0,93 отсто, на 21.039,03 поени, британскиот FTSE 100 за 0,47 отсто на 21.039,03 поени, московскиот MOEX за 0,12 отсто на 2.802,07 поени.
Францускиот CAC 40 падна за 0,69 отсто на 7.280,08 поени, додека вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones порасна за 0,38 отсто на 40.368,96 поени, S&P 500 индексот за 0,17 отсто, на 5.396,63 поени, а вредноста на индексот Naw Jones за 1 отсто 18.830,23 поени.
Европските фјучерси на гас за мај се продаваа на отворањето на берзата за хабот ТТФ по цена од 36.250 евра за мегават-час.
Според тековните берзански податоци, цената на американската сурова нафта WTI порасна на 61,69 долари, а на европската нафта од типот брент на 64,23 долари.
Цената на златото порасна на 3.296,09 долари за фина унца, што е раст од 2,29 отсто, а цената на пченицата падна на берзата во Чикаго на 5,37 долари за бушел за 0,78 отсто (бушел е еднаков на 27.216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,1355, што е за 0,04 отсто повисока отколку на почетокот на тргувањето.
Како што објави CNBC, денес Кина го назначи Ли Ченгганг за заменик министер за трговија и висок претставник за меѓународни трговски преговори, што го прави клучен член на кинескиот трговски преговарачки тим, а експертите сметаат дека ова е многу ненадејна и потенцијално нарушувачка промена (за САД и можеби ЕУ) со оглед на тоа колку брзо ескалираа трговските тензии.