Берзите забележаа раст по смирувањето на тензиите меѓу Русија и Западот, зајакнаа биткоинот и доларот

25

Акциите пораснаа денеска откако смирувањето на тензиите меѓу Русија и Западот влеа одредена доверба кај инвеститорите, додека со нетрпение се очекуваат извештаите за заработката од технолошкиот гигант Nvidia.
Во исто време, вредноста на биткоинот достигна нов рекорд, а доларот благо зајакна, пренесува Ројтерс.

Инвестициите како што се златото и државните обврзници имаа раст по веста дека Украина истрелала американски проектили со долг дострел кон Русија, додека Русија рече дека го намалила прагот за употреба на нуклеарно оружје.