Бесент: Нема гаранции дека нема да има рецесија во САД

Американскиот министер за финансии Скот Бесант  изјави дека „нема гаранции дека САД нема да влезат во рецесија“, но, според него, американската економија може да се стабилизира.
Во интервју за NBC, Бесант рече дека американската берза минатата недела се затвори со значителен пад на вредноста на акциите поради зголемената неизвесност предизвикана од честите промени во политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучително и заканите за царини против главните американски трговски партнери, пренесува Ројтерс.

На прашањето од новинарите дали може да гарантира дека нема да има рецесија додека Трамп е на функција, Бесент одговори: „Нема гаранции. Кој можеше да предвиди KOВИД?

Бесент рече дека (Трамп) спроведува силни, долгорочни политики кои треба да ја ослободат земјата од огромните владини расходи, пренесува Танјуг.