Бесими: Ребалансот обезбедува средства за справување со кризата, амортизирање на нејзините ефекти и одржување на динамиката на раст

70

Ребалансот на Буџетот за 2022 година, кој го усвои Собранието, ги има предвид реалните економски состојби, содржи средства за амортизирање на ефектите од кризата, за одржување на динамиката на раст и овозможување фискална одржливост на среден рок, при тоа е важно дека е обезбедено и финасирањето како што е планирано во ребалансот и се бараат начини тоа да се направи на најоптимален начин.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во Дневникот на ТВ 24, во кој потенцира дека со Ребалансот се прави реструктуриање на расходната страна, но и приспособување на приходната страна со цел да се излезе во пресрет на потребите за поддршка на граѓаните и стопанството.

„Со Ребалансот се направија промени онаму каде во првата половина од годината се реалоцираа средства за кризата. Така што без ребаланс на Буџетот се реализираа сите средства што беа предвидени за антиркизни мерки, потоа поддршка за потребите на ЕСМ со што граѓаните плаќаат само 20 % од цената на електричната енергија. Средства за зголемени пензии согласно новата методологија, за зголемената минимална плата во јавниот сектор, но и за субвенции за придонесите за исплата на зголемената минимална плата во приватниот сектор, како и други мерки кои беа преземени со цел да се помогне стопанството и граѓаните, но и за периодот што следи од 6 месеци”, истакна минситерот Бесими.

Министерот додаде дека обезбедени се дополнителни 3,2 милијарди денари за субвенции во земјоделството за стратешки производи и зголемување на приносите, 2,4 милијарди денари дополнителни средства за примателите на гарантиран минимален приход, дополнителни средства за зголемените плати за 15 % во образование, дополнителни средства во делот на развојот на економијата и дополнителни 1,1 милијарди денари за проектот Мој ДДВ, пари што се враќаат кај граѓаните.

За антиркизни мерки, министерот потенцира дека во посебна програма се предвидени 76 милиони евра или 4,7 милијарди денари, но дека средствата обезбедени за антиркизни мерки се повисоки.

„Не се само овие 76 милиони евра. Тие се дополнителни средства на претходно резервираните во оваа програма од 50 милиони евра. Потоа има 100 милион евра за ЕСМ кои се обезбедени од ЕБОР и за кои се очекува неделава да се усвои Законот во Собрание. Тоа се поволни средства за ликвидност на ЕСМ, кои инаку требаше да се обезбедат од Буџетот што ќе значеше дополнителен 1 % дефицит од БДП. Се разговара за дополнителни 100 милиони евра од ЕИБ за поволни кредити за стопанството за ликвидност и за инвестиции во енергетска ефикасност и зелена транзиција”, дополни Бесими.

Министерот потенцира дека средствата за финасирање на Ребалансот се обезбедени и ќе се реализираат како што е планирано со истиот. При тоа, како што нагласи, покрај за средства за кои се разговара со ММФ, се разговара и за други инструменти на финансирање како на домашниот, така и на меѓународните финансиски пазари.

„„Со ММФ се преговара. Тоа се преговори кои траат вообичаено со месеци. Но работиме и на повеќе други инструмени, меѓу кои е и еврообврзницата. Целта е да го заокружиоме целото финасирање по просечна каматна стапка која ќе биде под она што е на меѓуанродните финансиски пазари, а која се движи над 7 %. При тоа ја земаме предвид и рочноста. Значи работиме на неколку опции.не гледаме линеарно само на еден и единствен инструмент, гледаме на повеќе инструменти и портфолија за да го намалиме товарот врз буџетот, рече министерот и додаде дека вниманието е свртено кон странски инвеститори и меѓуанродни финансиски институции, бидејќи, нашата стратегија е да внесеме повеќе девизи во економијата и на тој начин ќе се помогне да се инјектираат дополнителни финансиски средства во нашата економија, да се релаксира монетарната политика и да се стабилизираат очекувањата и да се ублажи ефектот, односно трендот на зголемување на каматните стапки кои може да имаат ефект за стагнирање на растот.

Министерот потенцира дека земјата има поволна позиција во однос на обезбедување средства на пазарите и оти според наши сигнали има интерес за нашите обврзници, но оти со оглед на високите цени, се уште се бара начин да се најде најоптималниот начин на финансирање.

Според министерот дополнтелен сигнал за инвеститорите е почетокот на процесот на отворање на преговорите за членство во ЕУ.

Во интервјуто министерот потенцира дека сериозно треба да се сфати состојбата со енергетската криза. Посочи на донесените заклучоци за заштеди на институциите на централно ниво, за дадение препораки и до институциите на локално ниво за заштеди, при тоа аплеираше дека и граѓаните треба тоа да го направат бидејќи е сериозна ситуацијата со актуелната криза. Тоа, вели не е за да се заплашат граѓаните, туку да ја сфатат сериозноста на состојбата.