Корпорацијата Амазон ќе испроба испорака на нарачки до своите клиенти со беспилотни летала, најави извршниот директор на компанијата Џеф Безос за BBC.
Безос објасни дека овие летала управувани од далечина ќе можат да превезуваат пратки со тежина до 2,3 килограми, какви што се околу 86% од пакетите што оваа светски позната компанија за нарачки преку интернет ги испорачува до своите клиенти.
Беспилотните апарати ќе бидат товарени во дистрибутивните центри на Амазон и ќе летаат до домовите на купувачите.
“Првите такви летови ќе станат реалност веројатно во следните четири до пет години”, додаде Џеф Безос.