Од менаџер до лидер: Престанете да решавате проблеми, почнете да тренирате луѓе

„Ако вашиот тим не може да функционира без вас, немате тим“, напиша Дејвид Финкел и се придружи на редовите на бизнис советници кои ја гледаат добрата тимска организација како единствен начин за добар бизнис.

Ова е суровата вистина со која се соочуваат повеќето сопственици на бизниси и лидери. Во обид да „помогнат“, многу лидери всушност го саботираат растот решавајќи ги задачите и проблемите на другите луѓе секојдневно.

„Наместо да ги развивате вашите луѓе, ги навикнувате да се потпираат исклучиво на вас и на тој начин „ги носите на грб“, им се обрати Финкел на сите лидери и оние на позиции за водење на тимот.

Вистинската промена во пристапот на лидерство се случува кога ќе престанете да бидете некој што решава проблеми и ќе станете тренер на вашиот тим . Тоа е можеби најважниот чекор во градењето одржлив бизнис што не зависи лично од вас. Еве како да го спроведете во пракса со упатствата на Дејвид Финкел.

Не одговарајте веднаш на секое прашање
Следниот пат кога член на тимот ќе ви постави прашање како „Што треба да направам во врска со X?“, не давајте автоматски решение. Наместо тоа, поставувајте прашања како овие:

Кои опции сте ги разгледале?
Што би направиле ако не бев тука?
Кој би бил вашиот следен чекор?
Целта не е да бидете нејасни, вели Финкел, туку да ја изградите нивната способност за донесување одлуки. Секој пат кога решавате проблем за нив, ја охрабрувате пасивноста. Кога ги водите низ процесот на размислување, развивате самодоверба и вештини.

Заменете го гаснењето пожари со системи
Добриот менаџер ги гаси пожарите. Одличниот лидер ги спречува.

Почнете да запишувате како размислувате кога донесувате одлуки, решавате предизвици и препознавате шеми. Претворете го тоа во рамки што тимот може да ги користи самостојно – без разлика дали станува збор за контролни листи, дијаграми или водичи. Ако остане само во вашата глава, тоа е навика. Ако е на хартија, тоа е алатка.

Фокусирајте се на резултатот, а не на стилот
Ако крајниот резултат е 90 проценти од она што сте го сакале – дозволете му на член на тимот да го постигне тоа на свој начин.

Не правете клонови.

Градете капацитет.

Микроменаџментот ја задушува иницијативата, креативноста и одговорноста.

Поставете ја структурата, а потоа повлечете се
Да бидете тренер не значи да исчезнете. Ова значи да обезбедите јасни очекувања и ритам:

Неделни кратки состаноци фокусирани на напредокот
Наместо да мерите колку време некој поминал работејќи (во просек 8 часа на ден), мерете што постигнал (на пример, бројот на затворени договори за продажба, бројот на успешно завршени задачи, квалитетот на испорачаната работа).
Отворете канали за комуникација – со очекување дека тие ќе донесат предлози, а не само проблеми
Кога ќе го создадете просторот, тие преземаат одговорност.

Откажете се од „херојската“ улога
„Да бидете личност која постојано „го спасува денот“ може да го задоволи егото, но ве исфрла од вашата игра на долг рок.“ Ако бизнисот зависи од вас како единствено решение, никогаш нема да можете да се повлечете, да делегирате или да растете. Вистинските лидери не бркаат признанија. Тие градат победници.

Во моментот кога ќе почувствувате потреба да „скокнете и да го решите проблемот“, застанете и прашајте се:

„Дали треба да го направам ова или да го искористам ова како можност да го тренирам тимот?“