
Граѓаните добиваат шанса да се запознаат со пазарот на капитал преку бесплатна онлајн обука
Како резултат на соработката помеѓу Македонска Берза и Загребската берза, граѓаните од Македонија добиваат уникатна можност бесплатно да се едуцираат за основите на пазарот на капитал. Обуката е дел од програмата на Академијата на Загребската берза, и ќе се одржи онлајн, во среда, на 7 мај 2025 година, со почеток во 10:00 часот.
Преку оваа едукативна иницијатива, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со:
Вовед во финансиските пазари
Финансиски инструменти
Движења на пазарот на капитал
Практични примери од реалниот пазар
Семинарот ќе се одржи на хрватски јазик. Овој семинар е наменет за помлади експерти, студенти кои сакаат да ја продолжат својата кариера на финансиските пазари, како и мали инвеститори кои се заинтересирани за пазарот на капитал..
Сите заинтересирани може да ги прочитаат деталите и да се пријават за учество преку официјалниот линк објавен од Македонска Берза.













