Бесплатна понуда од шест месеци за дополнителни пакети на neoTV

28

170601_div_fbobjava_digitalb

Шест месеци бесплатно за еден од дополнителните пакети, Дигиталб Basic или Филмбокс, е најновата понуда од Неотел. Двата бесплатни пакети што се нудат, се достапни за сите нови корисници на NeoTrio Start, понуда што во себе вклучува neoTV, интернет и телефонија.

Дигиталб Basic пакетот содржи 13 канали и нуди совршена комбинација на музички, детски, документарни како и филмски канали, во кои ќе може да ужива целото семејство. Додека пак, пакетот Filmbox содржи 11 канали со филмови од најразлични жанрови, соодветно на желбите на секој корисник.

Во NeoTrio Start пакетот достапни се 77 канали од кои 16 се во HD резолуција. Веќе богатиот избор се зголемува со дополнителните пакети, Дигиталб Basic или Филмбокс, а можноста за шест месеци бесплатно е достапна за сите нови корисници. Во истиот овој период претплатата на основниот пакет, NeoTrio Start останува иста.

За повеќе информации за оваа понуда на Неотел може да пристапите на следниот линк: www.neotel.mk.