Бесплатни совети за вашиот бизнис во ЦЕЕД Хаб Скопје

86

hub4-580x232

Доколку имате прашања поврзани со Вашиот бизнис или бизнис идеја, посетете го нашиот Office Hour на 10 април 2017 година (понеделник), од 12 до 14 часот, и бесплатно добијте правни, сметководствени или маркетинг совети. Нашите гости се професионалци во нивната област!

Ксенија Чаминска по професија е економист (маркетинг и менаџмент). Во областа на сметководството и финасиите има повеќе од 25 години работно искуство. Од 2008 година основа сопствена компанија – Друштво за даночно советување, консалтинг и сметководство, Професионал Акаунт и работи со мали, средни и големи домашни компании и компании со странски капитал, со посебен осврт на даночно советување.

Игор Александровски е партнер во Апостолска и Александровски – адвокатско друштво специјализирано во областа на бизнис – корпоративното право. Области на специјалност: деловно право, странски инвестиции, имиграционо право, ИТ, е-трговија, преговори и облигациони односи, државна помош, арбитража и алтернативни начини на решавање спорови, работни односи, даночно планирање и даночни постапки, фармација.

Јулијана Ристова Сарделис, сопственичка на Јупитер дизајн студио ќе одговори на сите ваши прашања поврзани со брендирање и маркетинг.

Ве очекуваме!

ЦЕЕД Хаб Скопје цел април им дава можност на сите фриленсери, студенти, микро и мали претпријатија, невладини организации, странци, стартапи, креативци, оние кои работат од дома, луѓе кои често патуваат, на кои им треба простор за состанок, да дојдат, да бидат дел од coworking заедницата и бесплатно да ги користат услугите на хабот.

ЦЕЕД Хаб Скопје нуди работна околина – биро, пристап до интернет, сала за состаноци, пристап до информации, пристап до знаење, пристап до потенцијални партнери, клиенти и пазари – преку Б2Б и нетворкинг настани, пристап до финансии – презентација пред Клубот на бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија и поддршка од професионалци за иновации и креативно размислување – совети од консултанти за иновации и бизнис менаџмент.