Бесплатни третмани во новиот центар на Санте Плус во Скопје

238

Sante Plus

По повод отворањето на новиот центар за убавина и естетска медицина на турската групација Санте Плус во центарот на Скопје, во текот на следната недела сите заинтересирани за посета на центарот и запознавање со новата богата палета на услуги ќе имаат можност да добијат бесплатен третман.

Во текот на оваа недела преку специјални промоции на повеќе локации во Скопје, турската групација го најавува отворањето на центарот преку можност за добивање на прв бесплатен третман.

Како што велат од македонското претставништво, целта на оваа акција е приближување на новите услуги на Санте Плус до македонската јавност. Покрај бесплатниот третман при посетата на центарот секој ќе биде детално запознаен со новите услуги од страна на стручни лица од Турција.

Санте Плус нуди здравствени услуги во Турција и на Балканот со современа технологија и по европски стандарди. Центарот на Санте Плус е во Истанбул, а групацијата има болница и во Анталија.

Во болниците на Санте Плус се нудат здравствени услуги од областа на стоматологијата, интерната медицина, ортопедијата, општа и канцер-хирургија, гинекологија, офталмологија, урологија, педијатрија и интензивна нега за деца и возрасни.
Во Македонија Санте Плус успешно работи веќе неколку години, а од овој месец ја проширува својата дејност преку отворање на нов естетски центар.