Бесплатно известување за корисниците на мобилната апликација на Комерцијална банка

23

komercijalna-banka

Комерцијална банка, почнувајќи од 15-ти овој месец, на своите корисници на мобилната апликација за физички лица (мБанка) им овозможи бесплатно да добиваат известување за приливите и одливите од нивните сметки и картички.

“Со воведување на оваа услуга клиентите на банката брзо и на едноставен начин ќе бидат известени за секоја промена на состојбата на нивните сметки, со што навремено ќе можат да бидат информирани за евентуални злоупотреби“, стои во соопштението.

На овој начин, корисниците на мБанка ќе имаат поголема контрола врз сопствените трошоци, а наедно ќе го заштедат и времето потребно за контрола на состојбата на својата сметка.