Бесплатно паркирање во катната гаража Беко

84

parkingФото: Pexels

Поради кастрење на гранките во Центар, паркингот за возилата во катната гаража кај Беко ќе биде бесплатен, се вели во соопштението од град Скопје.

Акцијата на кастрење гранки ќе ја спроведат екипите на ЈП Паркови и зеленило и ЈП Градски паркинг утре (16.02.2018 година, петок) на следниве паркинзи:

– паркинг А5 (ул. Орце Николов бр. 20, 29 и ББ, ул. Скопска бр. 9)

– паркинг А6 (ул. Максим Горки бр. 1, 3, 3а, 5, 7, 8а, 9, 10, 11, 14, 16, 16а, 17, 18, 19, 20 и 21, ул. 8 Ударна бригада бр. 2, 20, 20а, 20б, 24 и 31а, ул. Васил Главинов бр. 7а и 7б, ул. Скопска бр.9, 9а, 15 влез 1 и 2, ул. Лермонтова бр.3 и ул. Никола Вапцаров бр.2, 8 и18)

– паркинг  А1 (бул. ВМРО бр.1 влез, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и бр.3)

– паркинг А3 (ул. Даме Груев бр.7 блок 4 со влезови од 2 до 9, и ул. Вељко Влахович бр.21 и 23)

Поради организирање на акцијата горенаведените паркинзи ќе бидат затворени, а станарите и правни субјекти коишто се паркираат на овие паркинзи можат да се паркираат на катна гаража кај БЕКО во текот на денот.

Акцијата се спроведува заради овозможување поголема видливост на возачите, ослободување на патната сигнализација и поголема прегледност и безбедност во сообраќајот.