Бесплатно предавање на рускиот претприемач Алексеј Сидоренко на Brainster talks во Скопје

33

brainster

На првиот Brainster talks што ќе се одржи на 27 октомври во Јавна соба, со почеток во 18:00 часот, предавање ќе одржи познатиот руски програмер и веб девелопер Алексеј Сидоренко. Темата на која ќе се дискутира е Како да користите емоционален маркетинг за да го направите вашиот производ вирален (How to Use Emotional Marketing to Make Your Product Viral), каде ќе биде разработено прашањето како претприемачите ја користат моќта на потсвеста при донесување на одлуки и како можете Вие да го направите својот производ вирален.

Предавањето е бесплатно, повеќе информации и регистрација на следниот линк:  https://www.facebook.com/events/1775843496007838/

Алексеј Сидоренко е експерт, претприемач и искусен веб-девелопер, кој во неговата кариера се занимава како новинар и уредник на RuNet Echo проектот на Global Voices Online, каде ги има истражувано и анализирано развојот и промените во руската интернет сфера. Како новинар, има придонесувано и за Freedom House и Reporters Without Borders во областа на интернетот и слободата на говор во Русија. Во 2010 има работено како веб-девелопер за Help Map проектот, а во 2012 година ја создава компанија Teplitsa of Social Technologies, која се фокусира на развој на технологии за општествена полза, едукативен проект чија цел е развој на соработката помеѓу непрофитниот сектор и ИТ-специјалистите. Мислијата на Teplitsa е да се развие култура на технологија и онлајн социјални веб и мобилни апликации за подобрување на аспекти од општеството. Во моментов, Алексеј води тим од 18 луѓе кои работат на проектот.

Brainster talks претставува нова иницијатива која ќе се случува во нашиот град. Користејќи го пристапот на отворено место за споделување на знаење и идеи, Brainster talks ќе биде бесплатен и редовен meetup – настан каде што учесниците ќе учат од експерти во одредена област кои ќе зборуваат на актуелна тема. Целта на овој настан е да се креира средина и време каде што креативно и длабински ќе се навлезе во креирање на нови идеи за иницијативи и проекти, разрешување на реални проблеми и споделување на најдобри практики.

„Сакаме да креираме заедница од претприемачи, фриленсери, креатори, артисти и други професионалци во македонската заедница која ќе се базира на вредностите на споделување, соработка, отвореност и поддршка“, вели Петар Ниновски, основач на Brainster.

Ова предавање се случува во соработка со SECO Entrepreneurship Programme на Владата на Швајцарија, имплементирана од SwissContact во партнерство со J.E. Austin Associates.