Универзитетот Американ Колеџ од Скопје и Стопанската комора на Македонија денес организираат бесплатно предавање на тема Иновативен и револуционерен маркетинг.
На предавањето ќе зборува професор Виторио де Педис, професор на ESCP-EAT Европската школа за менаџмент во Торино. Негови области на експертиза се банкарство, корпоративни финансии, финансиски пазари, лидерство и слично.
Предавањето е наменето за врвниот и среден менаџмент од компаниите, а темата ќе ги инкорпорира најновите трендови во маркетингот, употребата на нови технологии при создавањето креативни и иновативни маркетинг кампањи.
Ќе се стави посебен акцент на поимите иновативност и револуционерност во маркетингот, како две основни алатки на компаниите.