Бетонско платно што се поставува како тепих

556

betonsko platno kako tepih

Ова платно е замотано како тепих, се одмотува на самото место каде што треба да се постави, се полева со вода и на тој начин се добива бетон, пишува порталот Gradnja.rs.

betonsko platno 2

Бетонското платно има три слоја: материјал од влакна на врвот, специјална бетонска мешавина на армиран мрежа од влакна и PVC слој на дното којшто обезбедува водоотпорност. Платното може да се полева со вода или целосно да се потопи во водата. Штом еднаш платното дојде во контакт со вода, мрежата од влакна го армира бетонот и со тоа спречува да се појават пукнатини, а ја обезбедува и потребната пластичност на бетонот.

betonsko platno kako tepih 1

Ова бетонско платно може да се најде во три големини: 5,8 и 13 милиметри. Може да се користи за различни градежни активности, како што се правење канали, изградба на базени и слично.

Материјалот е развиен во Велика Британија уште пред десет години од страна на инженерите Питер Брувинг и Вил Крафорд, но бетонското платно почна да се користи од неодамна.

betonsko platno

Во споредба со класичните бетонски решенија, ова платно е побрзо, поедноставно и поевтино за поставување. Освен тоа, отпорно е на вода и пожари.