Bev – розе вино во лименка

121

Bev, старт – ап од Лос Анџелес, Калифорнија, произведува розе вино во лименка коешто, според основачот Аликс Пибоди, е наменето првенствено за жени.

Неодамна во стартапот инвестираше Founders Fund, инвестициска фирма којашто претходно ги има поддржано Facebook, Airbnb, Lyft и Spotify. Таа е основана од милијардерот Питер Тејл и е со седиште во Сан Франсиско. Освен седумте милиони од Founders Fund, Bev доби инвестиција и од потпретседателот на Facebook за општествено добра работа.

Како што велат од инвестициската фирма, ова е нивна прва инвестиција во компанија што се занимава со алкохол. Оттаму велат дека вложиле пари поради тоа што им се допаднала 28-годишната Пибоди и виделе голем потенцијал во нејзините способности, пишува Forbes.

Инаку, Пибоди го започна бизнисот со 20.000 долари коишто случајно ги нашла зачувани на штедна книшка од пензиски фонд. Моментално продава само розе, но плановите на Bev е да претстават повеќе видови на пијалаци наскоро, безалкохолни и со мала доза на алкохол.

Виното се нарачува онлајн и се дистрибуира низ цела Јужна Калифорнија. Пибоди планира да ги искористи инвестициите за нови продажни тимови во Нешвил, Остин и Њујорк и да започне со малопродажба.

Фото: Bev