(Без)опасни грешки што можат да ви го уништат бизнисот

25

zatvoreno

Фото: Pixabay

Навидум сè изгледа добро, но сепак не успевате да изградите солидни темели за вашиот бизнис. Зошто е тоа така, во продолжение:

Основачите започнуваат бизнис од погрешни причини

Луѓето кои започнуваат бизнис имаат голема шанса да направат нешто големо. Но, ако единствената мотивација ви се парите, тогаш битката може да биде прерано изгубена.

Недоволно познавање на конкуренцијата

Ако не ја познавате конкуренцијата и ако немате идеја како да бидете подобри, тогаш е речиси невозможно да направите успешен бизнис.

Идејата е премногу слична со друг бизнис – не постои конкурентна предност

Дополнување на претходното – ако не знаете како да бидете поразлични од конкуренцијата, тогаш вашиот бизнис нема да има смисла. Клучот е во различноста.

Незаштитена интелектуална сопственост

Кога веќе станувате сопственик на сериозен бизнис, треба да инвестирате и во заштита на својата интелектуална сопственост, односно да добиете ексклузивни права на вашите различни нематеријални добра.

Недостасува резервен план

Мора да имате план Б кога планот А ќе пропадне во вода. Ако веќе сте се решиле да успеете, треба да ги обезбедите сите расположливи средства.

Основачите имаат спротивставени мислења

Малите несогласување можат да станат големи. Иако сте мислеле дека со партнерот одлично ќе функционирате во заедничкиот бизнис, наидувате на спротивставени мислења и ставови што можат до темел да го уништат партнерството.

Одговорните не се активно вклучени во бизнисот

Многу потенцијални преприемачи велат дека имаат бизнис идеја, но им треба некој друг истата да ја имплементира. Одличен рецепт за неуспех.

Одговорните се премногу инволвирани во бизнисот

Се мисли на лидери кои не умеат да делегираат ефективно. Еден човек не е способен да направи сè. За бизнисот да успее потребни се повеќе луѓе, а работата на основачот е да знае кому каква задача да додели.