Без работа 15,9 милиони жители на ЕУ

19

Стапката на невработеност во Европската унија и во еврозоната во февруари се задржa на ниво од претходниот месец, покажуваат податоците на Eurostat.

Во февруари без работа во земјите членки на ЕУ биле 7,5% од жителите, а во рамки на еврозоната, невработеноста се задржа на ниво од 8,3%.

Вкупно во ЕУ без работа во февруари оваа година биле 15,9 милиони жители, од кои 13,5 милиони се дел од блокот на еврозоната.

Меѓу земјите членки, највисока стапка на невработеност е регистрирана во Шпанија и тоа од 16,1%. Потоа следат Италија со 10,1% и Литванија со 9,6%.

Од друга страна, Полска во февруари имала најниска стапка на невработеност меѓу земјите членки и тоа од само 3,1%, а по нејзе следат Чешка со 3,3% и Холандија со 3,6%.

Без работа во ЕУ во февруари биле 2,9 милиони млади луѓе, од кои 2,3 милиони се во еврозоната.

Фото: Pexels