Без субвенции, нема интерес: Голем пад на продажбата на е – автомобили

27

Германскиот пазар се соочува со големи проблеми, а тоа ќе се одрази на целата европска индустрија за електрични автомобили.

Бројот на нови регистрации на електрични автомобили продолжува да опаѓа во Германија. Во март драстично падна продажбата во однос на истиот месец лани, а очекувана причина е откажувањето на субвенциите за набавка на електрични автомобили.

Државата одлучи да ги укине субвенциите на крајот на минатата година. Падот на бројот на нови регистрации веќе предизвика песимистички прогнози во автомобилската индустрија. Сега се чини дека трендот продолжува, пишува Ревија Хак.

Федералната управа за моторен транспорт (KBA) ги објави официјалните податоци за германскиот пазар. Околу 31.400 нови електрични автомобили се регистрирани во март 2024 година, објави КБА.

Тоа е за околу 29 отсто помалку во однос на март минатата година.

Уделот на електричните автомобили во сите нови регистрации беше нешто под 12 проценти. И ова е минус во однос на истиот месец лани.

Во тоа време, електричните автомобили сочинуваа речиси 16 отсто од сите нови регистрации и беа пред дизелите. Сега пред нив се дизелите со 18 проценти.

Германскиот пазар се соочува со големи проблеми, а тоа ќе се одрази на целата европска индустрија за електрични автомобили.